– Во Охрид ја одработивме вторатата фаза од подготовките која преставува најтешка за фудбалерите. Целта во втората полусезона ни е да обезбедиме опстанок, а ако ни се укаже прилика да се бориме за повисоките места – истакнаа од клубот.
Прилепчани во Охрид одиграа серија контролни натпревари, составите се менуваат за секој противник и шанса добија сите фудбалери. Стручниот штаб на 11 Октомври е задоволен од прикажаното, но има голем простор за напредок.
– Екипата ние многу млада затоа овие пријателски средби беа добре дојдени за нивната сигурност. Прилика за докажување добија сите фудбалери, а во Прилеп ќе ги остраниме сите недостатоци во играта и подготвени ќе го дочекаме стартот од шампионатот – рекоа од клубот.
11 Октомври со 23 бодови се наоѓа на осмата позиција од табелата во Втората македонска фудбалска лига, а првиот меч од пролетниот дел го играат на гостински терен против Новаци.