Охридските бели се се подалеку од опстанок во Втората македонска фудбалска лига откако на домашен терен во 25-та рунда претрпеа пораз од 11 Октомври 5-2.


Надежите за поволен резултат за “рибарите“ спласнаа во вода уште во четвртата минута кога гостите стигнаа до водство 1-0. Мирчевски со глава по нафрлувањето од корнер ја погоди охридската мрежа. Прилепчани во 21-та минута го дуплираа водството 2-0, откако Петрев несебично го проигра Мирчевски и ја затресе празната мрежа на охриѓани.

Гостите во 30-та минута стигнаа до третиот погодок, а овој пат стрелец беше Петрев по нафрлувањето на Дунимагловски.


Пред крајот на полувремето покрај негативата од три погодоци Охрид остана со десет играчи во поле. Главниот судија битолчанецот, Митревски директен црвен картон му додели на Меди.

“Црвените“ во 55-та минута стигнаа до четвртиот погодок. Најдобриот поединец на теренот Дунимагловски по асистенција на Мирчевски со глава ја погоди охридската мрежа.


Охриѓани во 63-та минута го намалија водството на гостите. Бакулески шутираше од белата точка, Кебакоски го одбрани ударот, а на одбиената топка натрча Меритон.

Мирчевски во 85-та со маестрален погодок го комплетираше хет трикот додека конечните 5-2 ги постави Бакулески во 88-та минута.

Во преостанатите седум натпревари од крајот на шампионатот во Втората лига охриѓани само чудо може да ги спаси од преселување еден ранг понизок односно во третата лига.

Мх.П.