Второ пласираниот тим во Втората фудбалска лига и еден од директните конкуренти на охриѓани за влез во елитата, 11 Окотмври ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната. Прилепчани го задржаа костурот на тимот кој ги одведе до  3. место од табелата, на исти бодови со вториот Тиквеш и само еден бод зад првиот Охрид.


Тимот на 11 Октомври во преодниот рок го доведе повремениот репрезентативец Тони Мегленски, повратник од Црна Гора. – Немаме потреба од други засилувања. Со овој кадар планот е да го освоиме првото или второто место за директен пласман во елитното друштво – рече Николче Здравески, тренер на 11 Октомври.

Охрид во меѓусебната пресметка во првата етапа претпре пораз од 1-0, додека во пролетниот дел на домашен терен ќе го пречекаат ривалот во трката за првото место.

М.П.