Лидерот во второлигашката конкуренција 11 Октомври не дозволи изненадување со последно пласираниот Новаци и по триумфот со 2-1 се одлепи на врвот на табелата. Прилепчани имаа плус четири во однос на второпласираниот Охрид, додека огромни девет бода пред третопласираниот Тиквеш и веќе во наредното коло може да ја обезбеди промоцијата во првата лига.
11 Октомври в недела му гостува на Охрид Лоте на стадионот на СРЦ “Атина Бојаџи“.
По ремито на домашен терен без голови со Дрита, “рибарите“ направија мал чекор назад кон остварување на целта, влез во првата лига. Имаат се уште комотни плус пет пред Тиквеш, а во последните 4 кола, два пати гостуваат, два пати играат дома.
Лесно може да се случи последната рунда да го одлучи директниот патник во елитата. Тогаш Охрид игра со Охрид Лоте, додека Тиквеш го пречекува Миравци.
Трето пласираниот Тиквеш во контраверзен натпревар со дури три исклучувања го победи Охрид Лоте со 1-0. Кавадарчани кои го бркаат Охрид, во последните 4 рунди гостуваат на Ринија и Влазними, а на домашен терен играат со Влазерими и Миравци.
За 4. Миравци кој до крај ќе се трка за место во првата лига, многу рабоити ќе бидат појасни по неделниот меч со Беласица. Со победа дефинитивно ќе ги отпишат “кенгурите“ од место во баражот, а лесно ќе се замешаат во прволигашката трка.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com