Кошаркарите на Голден Стејт ја забележаа 11. победа во 12. натпревар сезонава во НБА лигата, совладувајќи го синоќа Чикаго на домашен терен со 119-93.

Најзаслужен за седмата последователна победа на лидерот во Западната конференција беше Стив Кари, кој постигна 40 поени, додавајќи и четири скокови и пет асистенции.

За Кари ова беше третиот натпревар сезонава со ефект од +40 поени.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот и сабота:

Шарлот – Њујорк 104-96

Бостон – Милвоки 122-113 (по продолжение)

Кливленд – Детроит 98-78

Хјустон – Портланд 92-104

Мемфис – Феникс 94-119

Оклахома – Сакраменто 105-103

Њу Орлеанс – Бруклин 112-120

Сан Антонио – Далас 109-123

Денвер – Атланта 105-96

Голден Стејт – Чикаго 119-93

ЛА Лејкерс – Минесота 83-107.

 

OhridNews