11-ти по ред натпревар математика-физика за доделување на стипендии за упис во П.С.У „Јахја Кемал“ на ден 13.03.2022 год. (недела) со почеток во 10 часот. Од денот на отварањето и почетокот на реализација на воспитно- образовна дејност, П.С.У „Јахја Кемал” постојано организира или е домаќин на повеќе научни, социјални, културни, спортски и други активности, велат од училиштето.
Целта на овие активности е да се мотивираат учениците да посветат повеќе внимание на науката и образованието, а како резултат на постигнатиот успех од натпреварите да се наградуваат и да им се доделат стипендии за упис во нашето училиште, велат од училиштето.
Додаваат дека за П.С.У „Јахја Кемал“ во Скопје можат да се пријавуваат учениците од училиштата на општините од Карпош, Аеродром, Кисела вода, Чаир, Газибаба, Бутел, Ѓорче петров, Сарај и Шуто Оризари, додека за П.С.У „Јахја Кемал“ во Боговиње-Тетово можат да се пријавуваат учениците од училиштата на општините од Тетово, Гостивар, Боговиње, Желино, Брвеница, Јегуновце, Теарце, Врапчиште и Маврово Ростуше.
Во П.С.У „Јахја Кемал“ – Струга можат да се пријавуваат учениците од училиштата на општините Струга, Охрид, Дебар, Вевчани, Битола, Прилеп, Ресен, Кичево, Демирхисар, Другово, Дебарца, Центар Жупа и Пласница. Пријавувањето може да се изврши по електронски пат, по пошта или лично, а крајниот рок за пријавување е 10 март, додаваат од училиштето.
Целата организација и реализација на натпреварот ќе биде според протоколите на МОН зa Ковид 19.
OhridNews












