Со свечена академија што синоќа се одржа во Центарот за култура, Основното училиште „Св. Климент Охридски“  го одбележа патрониот празник и 110 годишнината од изградбата на првата школска зграда, што се смета за почеток на институционално образование во Охрид. На свеченоста пригодно обраќање имаше директорката на училиштето Славица Илиќ, која се осврна на развојот на ОУ „Св. Климент Охридски“. Свеченоста ја збогатија младите ученици со прекрасниот сценски настап. По завршувањето на академијата во изложбениот салон на Центарот за култура беше отворена изложба на ликовни творби на поранешните и сегашните ученици од ОУ ” Св. Климент Охридски”.


фото: Дигитал фото Мики


Одбележан патрониот празник на О.У. „Св. Климент Охридски“

Фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ