Почитувани граѓани, Општина Охрид започна со подготовка на стратешки плански документ од областа на животната средина, Локален Еколошки Акционен План за животна средина (ЛЕАП) за Општина Охрид (2026 – 2032 година), во кој ќе ги идентификуваме сегашните притисоци врз животната средина и ќе понудиме решенија за нивно надминување.
Вашето мислење во однос на тоа како вие ги чувствувате еколошките проблеми, што вие цените дека е еколошка вредност на нашата општина е од особена важност при подготовката на овој документ.
Ве молиме искрено да го пополните анкетниот лист и со тоа активно да учествувате во креирање на одржлива заедница.
Тоа може да го направите на следниот линк.


