Денеска, во катедралната црква Света Софија со почеток во 19 часот, ќе се одбележат 1100 години од упокојувањето на охридскиот чудотворец Свети Наум Охридски.

Одбележувањето е под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски. Во име на покровителот, потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Светлана Јакимовска, ќе одржи пригоден говор, а хорот „Света Злата Мегланска“ ќе одржи концерт со духовна музика.

OhridNews