По повод 111 години од првата востаничка чета во Охридско вечерва во 20 часот во атарот во манастирот Света Петка ќе се одржи свеченост, пренесува локалниот портал „velgosti.com“.
На свеченоста, која ја организира месниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, свое излагање ке има Д-р. Стојан Ристески.
 
Најголем успех на Охридската револуционерна организација е формирањето на револуционерната чета. Свечениот чин се одиграл во манастирот Света Петка, во Велгошти на 6 јули 1901 година. Тој факт сам по себе многу зборува. Формирањето на четата во Света Петка не е само поради блискоста до Охрид, туку и поради приврзасноста на велгоштани кон делото на Организацијата, велат велгоштани.
 
Во чест на 80-годишнината од формирањето на првата Охридска револуционелна чета, во манастирот Света Петка 22-ри јули 1981 година Месната заедница од с. Велгошти откри спомен-плоча.
OhridNews