Со пригодна свеченост, што синоќа се одржа во манастирот Св. Петка во Велгошти, беше одбележана 112 годишнината од првата востаничка чета во Охридско.
За историското значење на овој чин, кој се смета за најголем успех на Охридската револуционерна организација говореше професор Вангелко Лозановски.
Историскиот чин се одиграл во манастирот Света Петка, во Велгошти на 6 јули 1901 година, што зборува за поврзаноста на Охрид и на велгоштани кон делото на Организацијата.
Во чест на 80-годишнината од формирањето на првата Охридска револуционелна чета, во манастирот Света Петка 22. јули 1981 година Месната заедница од Велгошти откри спомен-плоча.