Во организација на месната заедница на село Велгошти и МК на ВМРО ДПМНЕ – Велгошти, вчера на празникот Иванден, во манастирот Св.Петка во Велгошти се одржа чествување по повод 117 годишнината од формирањето на првата охридска востаничка чета.

На формирањето на четата присуствувале: Христо Узунов, Наум Цветинов, Андреј Христов, Наум Златарев и Никола Костојчинов, а според најновите сознанија присуствувала и мајката на Узунов.

Свежо цвеќе положија делегациите на МЗ на Велгошти, МК на ВМРО ДПМНЕ Велгошти како и ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Велгоштани бараат во иднина да се придаде поголема важност на овој настан од македонската историја.

OhridNews