Со полагање на свежо цвеќе на споменикот и гробот на Григор Прличев и со „Прличева беседа“ во Спомен куќата на Прличев, денеска ќе биде одбележата 117-годишнината од смртта на големиот поет и преродбеник Григор Прличев.

Григор Прличев е еден од најпознатите македонски писатели од 19 век. Роден е во Охрид во 1830, според едни, односно во1831 година според дуги, каде и починал на 6-ти февруари 1893 година.

На 25 март 1860 година, Григор С. Прличев со поемата „Сердарот“, ја однесе првата награда на традиционалниот книжевен конкурс  во Атина и бил наречен „Втор Хомер“. Во поемата се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитува селаните од бандите на Гегите. Наградата не останува долго во негови раце, затоа што одбива да се изјасни како Грк.

Освен Сердарот, Прличев ја има напишано и „Автобиографијата“ која претставува битен историски документ за состојбата во Македонија за време на  Отоманската империја во 19 век.