Во 2006 година само околу 10 проценти од населението во Македонија сурфаше на интернет. Традиционалните медиуми беа се’ уште главен извор на информирање, а онлајн медиуми во земјава не постоеја. Тоа се промени на 7 декември пред точно 12 години, кога официјално беа објавени првите вести на првиот информативен портал во Македонија „ohridnews.com“.

Денес интернетот за многумина е прв извор на информирање Онлајн е речиси секој граѓанин на земјата, а информациите се подостапни од било кога. Неофицијално во земјава постојат над 350 онлајн медиуми, во градот дузина, но OhridNews остана препознатлив симбол на објективно и професионално информирање со висок степен на доверба. Потврда на тоа се илјадниците лојални читатели и бројните задоволни клиенти кои веќе 12 години со успех ги промовираат своите услуги и производи на креативната платформа на OhridNews.

Да се биде чекор пред сите не беше лесно ниту пред 12 години, не е ни сега. Но, тоа е мото кое едноставно за нас е предизвик. Затоа не застануваме тука. Први го пробивме мразот во онлајн информирањето, воведовме бројни новини во работењето, видео емисии и вести и преноси во живо… Оваа година ја надградивме и подобривме платформата која до крајот на месецот станува двојазична. – изјави Горан Момироски, главен и одговорен уредник на порталот OhridNews.

Во фаза на подготовка е печатеното издание на Годишната ревија на настани во која покрај случувањата кои ја одбележаа годината што изминува, ќе бидат издвоени успешните охридски приказни. Промоцијата ќе се случи на 26 декември, а четири дена порано, на 22 декември во продукцијата на OhridNews подгответе се за до сега најспектакуларното издание на „Зимската бајка“, која годинава доаѓа во освежено празнично „пакување“ исполнето со многу креативен хумор и извонредна музика во неповторлив празничен амбиент и специјално декорирана сцена каква што до сега не била поставена во центарот за култура. Има уште нешто, но нека остане мала тајна за тие што навреме ќе набават билети за шоуто на годината во Охрид, кои во продажба ќе бидат пуштени идната недела.

OhridNews