12. Конгрес на Здружение на радиолошки технолози на Македонија ќе се одржи од денес до 20-ти септември во Струга.

Настанот обединува радиолошки технолози, реномирани професори, доктори и медицински физичари од Македонија и странство, кои ќе презентираат најнови достигнувања во областа на дијагностичката радиологија, радиотерапијата, нуклеарната медицина, интервентната радиологија како и радијационата заштита.

Конгресот претставува единствена можност за размена на стручни знаења и искуства, научни и стручни предавања, презентација на современи технологии и иновации и професионално вмрежување и соработка, велат организаторите.

OhridNews