Учествуваа околу 120 кандидати од основните училишта во општина Охрид кои се тестираа по предметите: Македонски јазик, Математика, Англиски јазик и Информатика.
Вториот циклус на овие натпревари ќе се одржи во април месец 2011 година после што ќе се изберат најдобрите 10 ученици за учебната 2010/11.
Изборот на Топ10 ученици во Охрид се врши трета година по ред, а организаторот и за овој циклус обезбеди вредни награди на најдобрите во висина од околу 10 000 евра.