Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на цела држава при што санкционирани се 121 возач.

Најмногу санкции имало во Тетово и Охрид. Имено, 36 од вкупно санкционираните возачи биле на територијата на СВР Тетово, а 23 непрописно престигнувале на територијата на СВР Охрид, информираат од Министерството за внатрешни работи од каде апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.Полицијата ќе продолжи со засилени акциски контроли и во текот на наредните денови.

 

 

 

 

 

 

OhridNews