Вкупно 13 142 граѓани ширум земјава, до вчера извршиле увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија. Граѓаните имаат можност да проверат дали нивното име  се наоѓа во списокот и доколку е потребно да интервенираат со цел да се дополнат или избришат некои податоци.

ДИК ги повикува сите полнолетни граѓани кои по 11 јануари 2013 година, извадиле биометриска лична карта или патна исправа да се јават во Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија заради проверка и впишување во Избирачкиот список.

Доколку по завршувањето на јавниот увид не поднесат барање, граѓаните нема да имаат право да бидат запишани во Избирачкиот список за Локалните избори 2013.

Увидот во избирачкиот список започна на 26-ти јануари, а ќе трае до 9 февруари.

OhridNews