Собрани 13 единици крв во денешната крводарителска акција во Струга на Комисијата за еднакви можности при советот на Општина Струга и општинската организација на Црвениот крст.

Според Адуриме Даути, секретар во Црвен крст Струга акцијата поминала успешно, a во пресрет на туристичката сезона упати апел до сите хумани граѓани да даруваат крв за да спасат нечиј живот.

Се ближи летниот период и туриситчката сезона, приливот на гости и поголемото движење во градот ја зголемува потребата за крв. Апелираме до граѓаните да дадат свој придонес со дарување крв, да му се помогне на здравствениот систем да ги надмине потешкотиите. Дарувањето крв има само една цел а таа е да се спаси човечки живот, вели Даути.

Акцијата е дел од годишната програма за активности од областа на еднакви можности меѓу жените и мажите за 2022 година на Комисијата.

OhridNews