Во последните 24 часа направени се 3.145 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на КОВИД-19. Од нив 208 во Скопје, 45 во Битола, 29 во Велес, 22 во Прилеп, во Куманово – 21, Кавадарци – 18, Охрид, Кочани и Гевгелија – по 13, Штип – 11, Делчево – 8, Берово – 7, Струмица, Неготино и Радовиш – по 6, Тетово, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 5, Ресен – 4, Гостивар, Кичево, Виница , Валандово и Крушево – по 3, Пробиштип и Пехчево – по 2, Струга и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 279 оздравени пациенти од кои 5 во Охрид.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (76г и 77г) и Куманово ( 65г и 73г) и по едно починато лице од Велес (79г), Кавадарци (68г), Штип (88г), Прилеп (70г) и Крива Паланка (40г). Од пријавените лица осум се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 14.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Битола (1), Велес(1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 57-81г, од кои 3 лица се починати во домашни услови и едно лице во болнички услови.
OhridNews












