На вчерашниот ден во просториите на „Читална 1000 книги“ во Скопје, промовирани беа 13 нови преведени наслови од стручната литература. Овие творечки дела се научни книги и учебници, како дел проектот  „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.

Изданијата опфаќаат современи теоретски и практични содржини од повеќе области како медицината, архитектурата, градежништовото и друти науки кои придонесуваат за кулутрно обогатување на човекот.

Со проектот на Министерството за образование и наука, до сега преведени се 750 стручни книги, кои можат да се најдат во библиотеките ширум земјава.

OhridNews