Пред точно 14 години, на 5-ти октомври на Градскиот стадион во Скопје во соработка со УСАИД се одржа најголемиот хуманитарен концерт на Тоше Проески. Парите од билетите, кои чинеа 200 денари, се искористија за петгодишниот проект за основно образование финансиран од фондацијата. Со нив беа реновирани околу 100 училишта во Македонија.

Ѕвезденото небо за Тоше, додека ги пееше најголемите хитови, го направија  40,000 посетители  на тогашниот „Градски стадион“, денес преименуван во Арена „Тоше проески“ и запаметено остана неговото барање „Сликајте ме со ѕвезденото небо”

 

Никогаш нека не се изгасне ѕвезденото небо! Ова не се опишува“, рече тогаш Тоше.

Концертот се случи само 11 дена пред кобната за Тоше сообраќајна несреќа, на 16 октомври на автопатот кај Нова Градишка (Хрватска). Во чест на македонскиот легендарен пејач Управниот одбор на Меѓународната фондација „Тоше Проески“ – Крушево, кон крајот на септември 2009 година, одлучил хуманитарен меѓународен концерт под наслов „Те сакаме сите Тоше“ традиционално да се одржува на денот на неговиот роденден, 25 јануари.

 

OhridNews