Намален вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри за 52.4 %, на ниво на држава во периодот 2020/2021 година. Исто така, намален е и бројот на посетителите за 83.5 % во однос на периодот 2019/2020 година. Просечниот број на посетителите на една претстава збирно на ниво на држава изнесува 77.
Во овој период во Охридскиот театар имало 14 изведби, а вкупниот број на посетители изнесува 557. Театарот во овој период имал едно гостување каде што биле присутни 100 посетители, велат податоците на Државниот завод за статистика.
Во овие изведби беа вклучени претставите „Сопружници“, „ДУХ”, „Крик за љубов”, додека на гостувањето на 55-тото издание на Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински” во Прилеп беше изведена претставата “Крик за љубов”.
Бројот на прикажаните претстави, пак, во аматерските театри е намален за 42.9 %, исто така и вкупниот број на посетителите е намален за 74.8 %.
Во истиот период во Струга во аматерскиот театар биле изведени 2 дела, а бројот на посетители бил 286.
Во периодот 2020/2021 година, во однос на периодот 2019/2020 година, на ниво на држава, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е намален за 61.0 %, исто така и бројот на посетителите е намален за 89.6 %.
OhridNews














