14 невработени лица од Охрид потпишаа договори за обука за негуватели. Обуките ќе се спроведуваат согласно мерката мерката 7.2 – Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата за лица со попреченост и лица со хронична болест во заедницата од Оперативниот план за оваа година, информираат од Центарот за вработување во Охрид.
Договорите беа потпишани во просториите на Центарот со раководителката Елвадина Дика и координаторот на мерката и советник за активни мерки м-р Маја Ташева Биткоска.

OhridNews











