Во последните 24 часа, се регистрирани нови 333 случаи на Ковид-19 од направени 3.511 тестирања. Пријавени се вкупно 11 починати, шест во изминатотот деноноќие и пет преку системот „Мој термин“. Евидентирани се и 311 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Регистрирани сe 311 оздравени пациенти од кои 23 од Охрид.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Велес (64г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (74г), Прилеп (90г), Кичево (85г) и Радовиш (79г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 22.11-20.12.2021 година. Починатите лица се од Куманово (2), Скопје (1), Битола (1) и Гостивар (1). Починатите лица се на возраст од 1г до 86г. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.
OhridNews











