На 28 и 29.12.2021 на подрачјето на СВР Охрид биле извршени сообраќајни акциски контроли.
Притоа, кај седум возачи од кои 6 во Охрид и 1 во Струга било констатирано дека управуваат моторно возило под дејство на алкохол и тие веднаш биле исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. Полициските службеници регистрирале и 10 возачи кои надвор од населено место возеле со брзина поголема од дозволената од нив 6 во Охрид, 1 во Кичево, 3 во Дебар и 9 возачи кои во населено место ја пречекориле дозволената брзина на движење од кои 2 во Охрид, 6 во Струга, 1 во Кичево, велат од МВР.
OhridNews












