Од денес до недела, 24 август, на СРЦ „Билјанини извори“ ќе се одржи 14-то издание на „Фер плеј купот“. Оваа година на турнирот ќе земат учество  близу 120  екипи од 7 држави во 6 возрасни категории или над 2000 учесници.

Сите фудбалски натпреварите ќе се играт на терените на СРЦ „Билјанини извори“, а финалните натпревари се закажани за недела, 24 август.

„Фер плеј“ ги поканува сите љубители на спортот и фудбалот да дојдат да ги следат и да уживаат во натпреварите.

OhridNews