Санкционирани 14 возачи за возење под дејство на алкохол на територија на СВР Охрид.

Во текот на вчерашната вечер (15/16.01.2022) во периодот од 21.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Охрид, при што санкционирани се 14 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

OhridNews