Асани е обвинет за три кривични дела- убиство со умисла, убиство во обид и недозволено поседување огнено оружје.
Исмаил Асани на 30-ти август минатата година, на главната крстосница во Струга на пресекот на патиштата кон Ќафасан и Дебар, со пиштол го убил Џемаил Исмаили, а тешко го рани неговиот син Мефаил од Струшкото село Делогожда, кој пред судот тврдеше дека причина за убиството е нереализирана провизија од 30 до 60 илјади евра, договорена за продажба на куќата на неговиот вујко, во што според него бил вмешан и полициски службеник од Струга.