15-годишното момче кое почина за време на рутинска операција на колено, најверојатно имало силно агресивна реакција на анестетикот што го примило. Завршило со малигна хипертермија, многу ретка состојба, со која лекарите прв пат се соочиле. Тие тврдат дека сите клинички симптоми водат кон оваа дијагноза, но се чека лабораториска потврда за нивните соомнежи. Убедени се дека ваков случај за нив познат само во литературата досега не бил пријавен ниту во болниците во регионот, информира „Телма“.

И анестезиолозите во одбрана на нивните колеги. Велат, направиле се`да го спасат момчето. Испочитувани се сите протоколи, без исклучок, но невозможно е пациент да се извлече од ваква состојба.

Момчето на часот по физичко ги повредило и двете колена. Неопходна била итна операција, која од рутиснка се претворила во кошмар и за лекарите и за семејството. Покрај Судска медицина, за утврдување на причините што довеле до ваквиот исход формирана е и внатрешна лекарска комисија на Ургентен. Лекарите нагласуваат и дека иако клиничките симтоми се јасни, причините за ваквата смрт тешко се докажуваат.

Извор: Телма
OhridNews