Од одделението за инспекциски надзор во Охрид, потенцираат дека нивните служби вршат постојан надзор врз сите угостителски објекти во градот.
– Во месец декември и за време на новогодишните празници беа извршени вкупно 100 контроли врз угостителските објекти. Законот за заштита од пушењето додека е на сила мора да се почитува, независно дали станува збор за празник или обичен ден, вели Ѓорѓи Бошалески, раководител на Одделението за инспекциски надзор.
Пазарните инспектори засилените контроли на уголстителските објекти ги вршат во соработка со Управата за јавни приходи и Трудовиот инспекторат.
За непочитување на Законот за заштита од пушењето, глобите изнесуваат од 2.000 до 4.500 евра во денарска противредност за правното лице, од 500 до 1.000 евра за одговорното лице. Казната за лицето кое ќе биде затекнато да пуши во угостителскиот објект изнесува од 150 до 300 евра.