По повод добивањето на ловоровиот венец и доделувањето на наградата на Григор Прличев за најдобра поема за Сердарот пред 152 години во Атина, викендов во организација на Младинскиот совет од Охрид ќе се одржи пригодна свеченост.

Настанот ќе се оддржи во недела, во Центарот за култура ,,Григор Прличев,, со почеток во 12  часот. Ќе биде изведен рециталот ,,ЗА ПРЛИЧЕВ,, а ќе биде промовирана и книгата ,,Уметнички воздишки на малите срца,, во која ќе се најдат творби на членовите на литературниот клуб ,,ПОЕМА,, кој функционира како дел од МСО. 

Настанот се организира со цел да се одбележи денот кога е добиен венецот и наградата и тоа токму на 25 март. Успехот на ловороносецот, кај нас се одбележува на денот кога поетот се упокоил, кога се организираат Прличевите беседи, што можеби и не е најдоброто решение – големиот успех да се прославува на денот кога поетот починал, велат од Младинскиот совет Охрид.

МСО настанот го организира со поддршка на НУ Центар за култура ,,Григор Прличев,, НУ градска библиотека ,,Григор Прличев,, Охрид, Завод за заштита на културно историски споменици и музеј – Охрид, историски архив – Охрид и Локалната Самоуправа.

OhridNews