Во спомен на 25 март 1860 година, денот кога Григор Прличев во Атина беше закитан со Ловоров венец за поемата „Сердарот”, на 26 март, понеделник, во 12:00 часот во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев” ќе биде претставен дел од творештвото на нашиот голем поет.

Тоа се „Мечта на еден старец”, „О кај си мила славеј птичка” и други целини и фрагменти, кои ја надолнуваат сликата за великанот за 19-тиот век.

OhridNews