Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски.
Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеа атентатот.
Нападот беше извршен со автомобил бомба на 3 октомври во 9 часот и 50 минути на улицата пред хотелот „Бристол“ во Скопје, кога тој со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија.