Основниот суд во Охрид го осуди на 16 години затвор српскиот државјанин Бојан Угреновиќ (29) за убиството на Димитар Матилоски (26) од Охрид, што се случи на дочекот на Нова година на 1-ви јануари оваа година во центарот на градот. Одлуката судот ја соопшти попладнево.

За време на главниот претрес Бојан Угреновиќ ги прифати сите наводи во обвинението кое го товари дека критичната вечер физички го нападнал Димитар Матилоски во кафе барот Табана, а потоа надвор му задал удари, од кои еден во пределот на лицето бил фатален за младиот охриѓанец

Преку правниот застапник семејството на убиениот Димитар Матилсоки истакна оштетно побарување во висина од 10 милиони денари за претрпената загуба и душевна болка, што ќе биде предмет на граѓанска постапка.

OhridNews