Најинтересна е Б “групата на смртта“ во која ќе вкрстат Германија, Холандија, Португалија и Данска. Најголеми шанси за пласман им се даваат на “панцирите“, по нив следат “лалињата“ , додека букмејкерите не го “есапат“ многу Роналдо и компанијата. Данска е тотален аутсајдер во оваа група.
Актуелниот светски и европски првак Шпанија, одбраната на титулата ќе ја започне против “разнишата“ Италија. Покрај овие два фудбалски гиганти во Ц групата уште се Хрватска и Ирска, кои својата шанса ќе ја бараат од т.н “вторплан“.
Нијански ќе одлучуваат кој ќе мине понатму од Д групата , благ фаворит е Франција, рамо до неа е Англија, но високи аспирации има домаќинот Украина, додека Шведска со Ибрахимовиќ со составот сигурно не е за отпишување.
Европското првенство ќе заврши на 1. јули, кога на Олимпискиот стадион во Киев ќе се одигра финалниот меч