На 8 август 2001 година армиски конвој составен од пет возила и 120 резервисти наиде на заседа кај месноста Карпалак.
Во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на државата загинаа:Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.
Во нивна чест во 2013 година во Прилеп беше поставен споменик „Прилепски бранители“.