Фото: Верниците се поклонија пред моштите на Свети Наум
05.01.26 11:10
Голем број верници утрово го исполнија манастирскиот комплекс Свети Наум за празникот посветен на светецот за да се помолат за своето и за здравјето на нивните најблиски, бидејќи се верува дека Свети Наум Охридски имал чудесна моќ на излекување и дека бил голем исцелител.
На влезот од манастирската црква верниците трпеливо чекаа во ред за да запалат свеќа и да се поклонат на гробот на светителот. Беше отслужена Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско – кичевската епархија г-дин Георгиј.
Дел од верниците до Св. Наум пристигнаа со бродовите „Александрија“ кои по повод празникот до светилиштето пловеа по симболична цена.
Св. Наум заедно со Св. Климент Охридски се ученици на славните светители Кирил и Методи. Свети Наум му беше најблизок соработник на божествениот Климент, а и на светите браќа Кирил и Методиј. Со последниве тој беше заедно во нивната мисија во Моравија. Потоа некое време престојуваше во престолнината на Бугарија, Плиска, а најпосле дојде да биде учител во охридско, во времето кога Климент стана епископ.
Св. Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охридското Езеро кој сам го изградил. Таму тој ја развивал својата просветителска дејност. Освен по книжевната работа меѓу народот бил познат и како исцелител и за време на својот живот излечил многу луѓе претежно душевно болни.
Познат е и како чудотворец бидејки направил и многу чуда, а некои од неговите чуда се претставени и на фреските од неговиот манастир како таа на која е претставен Св. Наум кој ги впрегнал заедно волот и мечката да ораат.
Мирно се упокои во Господа, како монах, во 910 година. Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни. Затоа кај нас особено лекарите-психијатри го имаат за свој заштитник.
Во овие тешки моменти, кога голем број семејства во Општина Гостивар се соочуваат со последиците од загадувањето на водата за пиење и неговото влијание врз нивното здравје и секојдневен живот, наша...
Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид ги известува граѓаните дека во периодот од 2772026 година (понеделник) до 3172026 година (петок) од страна на Општина Охрид ќе се спроведе админи...
Во Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, со поддршка на Министерството за култура и туризам, во периодот од 24 јули до 5 август 2026 година ќе биде поставена постхум...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.