Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 17-годишно лице од Охрид.

Од СВР Охрид информираат дека лицето казнените дела ги извршило во периодот октомври-декември минатата година во селата Злести и Песочан, општина Дебарца користејќи подесена алат и прибор но и физичка сила.

– Пријавениот, во селото Злести извршил две тешки кражби одземајќи два акумулатори, едниот поставен на земјоделска машина-трактор, а вториот оставен во помошна просторија каде успеал да влезе со насилно кршење на катинарот од влезната врата. Пред крај на минатата година, пријавениот со алат и со физичка сила насилно отворил и отстранил еден прозорец од контињер-магацин поставен на магистралниот пат Охрид– Кичево, сопственост на АД фабрика „Карпош – Скопје“ од каде одзел 150 литри нафта, брусен камен и еден акумулатор, информира портпаролот Стефан Димоски.

Со извршувањето на трите казнени дела „тешка кражба“, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 20.000 денари.

OhridNews