Проектот на две влади, во должина од 57 километри ја доживува осмата година на изградба која стартуваше во 2014 година. Во меѓувреме на автопатот Охрид – Кичево во изминатите години постојано се случуваат сообраќајни незгоди.
Според податоците од СВР Охрид, заклучно со 16 Декември 2021 година, во периодот 2014-2021 година, на автопатот Охрид-Кичево се случиле 17 сообраќајни незгоди. Во незгодите биле повредени 37 лица, 23 биле со лесни повреди, но 10 лица завршиле со тешки телесни повреди. Во овој период, четири лица го загубиле животот во сообраќајна незгода на автопатот.
Според првиот договор, изградбата на автопатот требаше да биде завршена во 2018 година, но по промената на власта со Анекс на Договорот, рокот беше пролонгиран за 30 јуни 2021 година, со образложение дека имало пропусти во проектирањето. Крајниот рок е повторно пролонгиран, овој пат до крајот на 2023 година.
Од Министерството и за годинава најавуваат интензивирање на градежните работи и очекуваат дека со усвојувањето на законските измени за Анексот за продолжување на изградбата, градежните работи ќе се засилат со потребната динамика. Реализирани се 62 проценти од работите и се отстрануваат институционалните пречки, а веќе се одобрени 63 од вкупно 70 нови проекти за автопатот, информираа од Транспорт.
Вкупната вредност на проектот е 598 милиони евра.
К.А.













