Европската фудбалска организација (УЕФА) се грижи за развивање и напредок на фудбалот, но истовремено големо внимание посветува на децата со ретки болести и посебни потреби. Токму од оваа категорија ,фондацијата на УЕФА одбра 18 деца дизајнери на топката со која ќе се игра Супер купот на Европа.

Цртежите од сите дечиња ќе бидат на топката со која силите ќе ги одмерат првакот во Лигата на Шампиони Баерн Минхен и Севиља која победи во Лигата на Европа. Финалниот дуел се игра на 24 септември во унгарскиот град Будимпешта.

Натпреварот може да се игра пред одреден број на публика, откако надлежните институции во светски рамки донесоа одлука за олабавување на мерките во време на пандемија од вирусот ковид -19.

УЕФА исто така го одреди и судијата кој ќе ја дели правдата помеѓу Баерн Минхен и Севиља. Довербата ја доби англискиот судија Ентони Тејлор.

OhridNews