Србија остана непокорена, ан од ден на ден е и се појака и повеќе никогаш нема да страда онака како што страдаше во 1999 година, рече српскиот премиер Александар Вучиќ, на државната церемонија што се одржа денес по повод 18-годишнината од НАТО бомбардирањето на Србија.

Во бомбардирањето во 1999 година во Србија уништени се и оштетени 25.000 станбени објекти, 470 километри патишта и 595 километри пруга.

Оштетени беа 14 аеродроми, 19 болници, 20 центри за здравје, детски градинки, училишта, споменици на културата, мостови, а големи оштетувања претрпе и електро-енергетскиот капацитет на земјата. Во нападите беше користена и забранета муниција со осиромашен ураниум.

OhridNews
фото Блиц