Во САД денеска се одбележуваат 18 години од терористичкиот напад извршен на 11 септември 2001 година. Во нападите загинаа точно 2974 лица, а во четирите киднапирани авиони настрадаа вкупно 266 луѓе.

Меѓу загинатите се и 343 пожарникари, 23 полицајци од Њујорк, уште 37 полицајци кои биле во Светскиот трговски центар, потоа 125 цивили и членови на војската во Пентагон.

Нападите се случија кога терористи киднапираа четири авиони од кои два удрија во кулите близначки на Менхетн, еден во Пентагон, а четвртиот се сруши во руралниот дел од Пенсилванија. Одговорност за нападот презеде Ал-Каеда, чијшто лидер, Осама бин Ладен беше убиен 10 години подоцна во Пакистан.

Во САД денот ќе биде одбележан со комеморација на која ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.