Полициски службеник од охридската Полициска станица, вчера, во 15.30 часот, бил физички нападнат од 18-годишно лице.

Инцидентот се случил кога полициски службеници отишле во едно од охридските средни училишта, по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир. При обид за утврдување на идентитет на лицето, истиот почнал да упатува закани на едниот полициски службеник, а во еден момент физички го нападнал удирајќи го со глава во пределот на десната страна на главата.

Од нападот полицискиот службеник се здобил со видлива повреда и на истиот му е укажана лекарска помош во Медицински центар Охрид. Напаѓачот бил приведен и задржан во Полициската станица во Охрид.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews