Со пригодна свеченост вчера на Славеј планина беше одбележан Денот на формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“, кој во поновата историја се одбележува како Ден на Армијата на Република Македонија.

По тој повод делегација на борците од Охрид, Струга, Дебрца, Кичево и Дебар, на локалните самоуправи Охрид и Дебрца, претставници на АРМ, на политички партии и здруженија ќе положат свежо цвеќе пред спомен обележјето на Славеј Планина. Пригодно обраќање имаа Гоце Георгиески, претседател на Општинската организација на СБ – Охрид и Дебарца и Петар Карајанов, потпретседател на ГО на СБМ, а свеченоста која беше збогатена со  културно уметничка програма, заврши со заедничко дружење во селото Годивје и „партизанско гравче“.


18-ти Август одбележан во Дебарца

OhridNews