Најголем дел од магистрите или 4 од нив, се од областа на економските науки. По правни науки се евидентирани двајца магистри, а исто толку има и по ликовна уметност и филозофија. По историски науки, археологија, дефектологија, психологија, осигурување, меѓународна политика, политички науки и европски студии за комуникација има по еден невработен магистер.
Од Агенцијата за вработување во Охрид велат дека во иднина очекуваат зголемување на бројот на магистри кои ќе бараат вработување.
-Причината за ова предвидување се должи на фактот што поголем дел од факултетите се со реформирано Високото образование и студиите ги организираат 3+2 години, од кои вторите најчесто се водат како постдипломски. Исто така зголемувањето на бројот на магистри ќе биде и резултат на многубројните приватни факултети кои нудат голем избор на современи студиски програми.-вели Марина Трајановска, од Агенцијата за вработување во Охрид.