Изминатиот викенд на отворениот олимписки базен на СРЦ „Билјанини извори“ се одржа 5. Меѓународен пливачкиот митинг „Охрид опен 2025“. Учество зедоа 25 клубови со 203 учесници, 113 во машка и 90 во женска конкуренција.

ПК „Акваспирит“ кој беше технички организатор на митингот, освои 19 одличја од кои 11 златни, едно сребро и 7 бронзи.

Злато:

Анастасија Цветаноска 6
Ања Гуџоска 4
Ведран Томчов 1

Сребро:

Елена Грмашкоска

Бронза:

Јана Мише 2
Предраг Мургоски 2
Ведран Томчов 1
Елена Грмашкоска 1
Јана Грмашкоска 1

Исто та, ПК „Акваспирит“ освои и 2 пехари за најдобар пливач во возрасна категорија: Ања Гуџоска 2008 и постари и Анастасија Цветаноска 2009/2010.

Најуспешна екипа на митингот беше Вардар 2018 од Скопје со 28 одличја од кои 12 златни, пред Орион со 13 (12 златни) и Акваспирит со 19 (11 златни)

Г.М.
Фото: ПК „Акваспирит“