Вчера (17.12.2021) на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници санкционирале 40 возачи за непрописно престигнување.
На 17.12.2021 година, од 15 до 20 часот на подрачјето на СВР Охрид полициските службеници санкционирале 19 возачи кои извршиле престигнување на забранети и непрегледни места во Охрид, 10 во Струга, 3 во Кичево и 8 во Дебар, информираа од СВР Охрид
Биле санкционирани и 10 возачи кои во Охрид, во и надвор од населено место, управувале возила со поголема брзина од дозволената.
OhridNews












