ГФК Охрид Лихнидос забележа значајна и убедлива победа на гостувањето кај екипата на Шкупи со 3:0, со која стигна до 25 освоени бодови и го задржа првото место на табелата.

Охриѓани уште од самиот почеток најавија дека трите бода ќе заминат за Охрид. Матески го отвори резултатот уште во 3. минута, донесувајќи му рано водство на гостинскиот тим. Предноста беше зголемена во 37. минута, кога Каланоски погоди за 2:0.

Конечниот резултат го постави Масевски во 85. минута, потврдувајќи ја убедливата победа на  Охрид Лихнидос.

Со новите три бода, Охрид Лихнидос  останува на лидерската позиција со 25 освоени бодови, пред Пелистер, Работнички и Брера.