По повод 35 години независност на Македонија, комичното кабаре „2 Mothers Brothers & 2 Cousins“ утревечер ќе настапи во Jazz Inn, со специјално сатирично издание посветено на македонската реалност, политиката, секојдневието и менталитетот.

За оваа пригода подготвено е специјално кабаре, чиј материјал претставува сублимат од повеќе досегашни шоуа, дополнет и адаптиран за темата на 35-годишнината од независноста. Публиката ќе има можност повторно да ги види дел од најинтересните комични и сатирични моменти од досегашната работа на „2 Mothers Brothers & 2 Cousins“, но во нова целина, поврзана со една заедничка тема – Македонија и животот во неа.
На репертоарот се политиката, секојдневието, македонскиот менталитет, институциите, нашите успеси и неуспеси, апсурдите со кои се соочуваме и ситуациите во кои единствената можна реакција често е – смеа. 35 години независност. 35 години слобода. А ние сè уште не знаеме што да правиме со неа. Ова не е политички митинг, ниту протест. Станува збор за комична вечер во која мета на хуморот ќе бидат и политиката и системот, но и самите ние и начинот на кој секојдневно функционираме, велат.
„2 Mothers Brothers & 2 Cousins“ низ своите настапи комбинираат комедија, музика, сатира и директна комуникација со публиката, создавајќи препознатлив сценски израз во кој актуелните општествени теми се претвораат во материјал за хумор.
Билетите чинат 500 денари, а дополнителни информации и резервации се достапни на 075 283 066, додека онлајн билети може да се набават преку hahaha.mk.
Ајде барем една вечер да бидеме независни од сериозноста, порачуваат.
OhridNews










